Шефот на спасувачкиот тим: Нема надеж дека Сала е жив

Од:

Шефот на тимот кој го бара исчезнатиот авион во кој се наоѓаше напашачот на Кардиф, Емилијано Сала (28) изјави дека „нема надеж“ дека ќе биде пронајден.

Аргентинскиот напаѓач, за кого тимот од Велс во неделата плати рекордни 15 милиони фунти, се враќаше во Кардиф по разделбата со поранешниот тим и соиграчите во Нант, кога малиот авион со кој леташе исчезна над Ла Манш во понеделникот вечерта.

По неколку часа потрага во вторникот, акцијата беше запрена во вечерните часови, и беше продолжена со првата светлина во средата, во реонот каде што авионот последен пат бил забележан од радарите.

Сепак, во вторникот вечерта, официјални претставници истакнаа дека минимални се шансите да бидат пронајдени преживеани, а на вториот ден од потрагата, шефот на спасувачкиот тим Џон Фицџералд истакна дека дури и физички најподготвените луѓе не би преживеале во вода повеќе од неколку часа.

– За жал, јас лично не мислам дека има надеж. Овој период од годината, условите се прилично ужасни ако сте во вода, изјави Фицџералд.

Тимот кој ја врши потрагата работи на четири сценарија, вклучувајќи и дека авионот се распаднал при контакт со вода и тие се во морето, како и дека се спуштил на вода и дека патниците се истовариле на брод за преживување.

– Нашата потрага се фокусира на опцијата со чамецот, велат од тимот.

Аргентинските медиуми објавија дека Сала испратил гласовна порака до семејството пред летот, велејќи дека е исплашен бидејќи „авионот изгледа како да ќе се распадне“.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска