Шефот на Лион: Не играме против ПСЖ, туку против држава

Од:

Претседателот на Олимпик Лион, Жан-Мишел Олас изјави дека Пари Сен Жермен е посебна земја ако зборуваме за финансиските можности на овој клуб. Очигледно, газдата мислеше на катарските сопственици на парижаните, чии готовински залихи се чини дека никогаш не се исцрпуваат.

ПСЖ во последните две години ги оствари двата најскапи трансфери во фудбалската историја – привлекувањето на Нејмар од Барселона за 222 милиони евра и на Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра.

– ПСЖ живее во различна реалност. Ние треба да играме против одделна држава. Тие водат класна борба против нас. Но, ние сме во состојба да ја прескокнеме планината, изјави Жан Мишел Олас пред „Прогрес“.

Олимпик Лион и ПСЖ ќе се состанат на 3 февруари во натпревар од 23-тото коло на Лига 1. Тимот од Париз го заземаат првото место на табелата, откако имаат 56 поени, а Лион со 40 поени се наоѓа на третата позиција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска