Шеф на Сити: Останувањето на Пеп е приоритет

Од:

Главниот оперативен директор на Манчестер Сити, Омар Берада, објави дека останувањето на менаџерот Пеп Гвардиола е приоритет на клубот.

– Фактот дека Пеп е на кормилото на Сити повеќе од кој било друг, покажува колку далеку стигна клубот во својот развој. Тоа значи дека тој сака да биде тука и дека му е пријатно. Гвардиола е број 1 во светот и ние сакаме тој да остане во Манчестер Сити. Ќе разговараме за неговиот нов договор во вистинско време. Се надеваме дека ќе остане, тоа е приоритет за Манчестер Сити, изјави Берада.

Тој зборуваше и за можноста Манчестер Сити да ја привлече мегаѕвездата на Барселона, Лионел Меси. За таквата можност се дискутираше на лето, кога Аргентинецот изрази желба да го напушти „Камп Ноу“.

– Не е јасно дали некогаш повторно ќе имаме можност да потпишеме со Меси, но ако Лео ја напушти Барселона, ќе истражиме таква опција. Меси и играч кој може веднаш да го смени изгледот на кој било клуб. Самиот факт дека бевме поврзани тоа покажува колку пораснавме како клуб, додаде Берада за „Атлетик“.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска