Русинката Марија Шарапова и Американката Серена Вилијамс ќе играат во финалето на Грен слемот Австралија Опен.
Ноќеска во првото полуфинале, втората носителка во Мелбурн Шарапова беше поуспешна од својата сонародничка Екатерина Макарова со 2-0, по сетови 6:3 и 6:2.
Фаворитската улога ја оправда и првата носителка и светски рекет број 1 Серена која во американското полуфинале ја совлада Медисон Кејс со 2-0, по сетови 7:6 и 6:2.
Шарапова во саботното финале ќе има можност по втор пат да го освои трофејот на АО, додека Вилијамс ќе ја брка својата шеста титула.