Шампионската титула за кадетите на КК Феникс 2010

Од:

Кадетската екипа на кошаркарскиот клуб Феникс 2010 од Скопје ја освои шампионската титула во првенството за играчи до 14 години. Во финалето синоќа Феникс го победи тимот на Партизан Водно Санс со 75:59. Решавачката предност победникот на направи во вториот период кога имаше серија од 14:0.

Најефикасен на дуелот беше Андреј Митревски со 20 поени. Во „малото финале“ МЗТ Скопје Аеродром го совлада Вардар со 78:74.

Попладнево во малата сала „Кале“ се играат полуфиналните натпревари за кошаркари до 16 години: Феникс – Партизан Водно Санс (генерација 2002) и Вардар – Партизан Водно Санс (генерација 2001).

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он