Шампионот Вардар на гостување кај Кристијанштад

Од:

Актуелниот македонски и европски првак Вардар попладнево гостува во Шведска кај Кристијанштад во меч од 6. коло во ракометната Лига на шампиони.

Вардарци важат за апсолутни фаворити имајќи го во предвид реномето како и досега одиграното во елитното натпреварување. Кристијанштад е тим против кој вардарци веќе трета сезона играат во групната фаза. Во досегашните четири меѓусебни дуели црвено-црните секогаш излегувале како победници, а на гостувањата во Шведска двата меча ги добија со пет гола разлика.

– На секој меч влегуваме мотивирано, и се подготвуваме за она што нѐ очекува. Нема лесни и тешки противници. Сe ќе зависи од нас, како ние ќе играме. Кристијанштад е млада екипа, која секоја сезона игра сѐ подобро и добива и повеќе искуство од дуелите во лигата на шампионите. Со овој натпревар почнува серија од шест мечеви во ноември и сакаме успешно да го завршиме овој месец, изјави Раул Гонзалес, тренерот на Вардар.

Вардар е непоразен досега, додека Кристијанштад има освоено само еден бод, и тоа во првата рунда кога пред својата публика одигра нешешено 28-28 против ППД Загреб.

Дуелот меѓу Кристијанштад – Вардар ќе започне во терминот од 18 часот.

Покрај овој меч денеска во А групата се игра и средбата Барселона – ППД Загреб, додека за утре закажани се дуелите ПИК Сегед – Р.Н. Левен и Висла – Нант.

На табелата лидер е Вардар со 9 бодови, пред Рајн Некар Левен со 8, односно ПИК Сегед и Барселона со по 7 бодови, по кои следуваат Нант 5, ППД Загреб 2, Висла 1 и Кристијанштад 1.

Вториот македонски претставник во Лигата на шампионите Металург својот меч од оваа рунда ќе го одигра утре во СЦ „Борис Трајковски“ каде од 17 часот ќе го пречека составот на Чеховски Медведи.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски