Шампионот Париз Сен Жермен ќе биде домаќин на Рен во воведниот натпревар од 23. коло на фудбалската француска Лига 1.
Средбата на „Паркот на принцовите“ ќе се игра вечерва од 20 часот и 30 минути, додека останатите натпревари од оваа рунда на програмата се в сабота и недела.
Од нив, најголемо внимание ќе привлече последниот (недела 21 часот) дербито на колото меѓу Монако и лидерот на табелата Олимпик Лион.
Во другите натпревари ќе играат: Олимпик Марсеј – Евијан, Мец – Ница, Тулуз – Ремс, Нант – Лил, Лориен – Монпеље, Ленс – Бастија (сабота), Кан – Сент Етијен и Бордо – Гингамп.
Табела: Олимпик Лион 48 бодови, Олимпик Марсеј 44, Париз Сен Жермен 44, Сент Етијен 40, Монако 39, Монпеље 35 …