Шампионот МЗТ Скопје Аеродром ги претстави новите играчи Митев и Мамузиќ

Од:

Младинските репрезентативци на Македонија, Михајло Митев (19 години, 191 сантиметар) и Ранко Мамузиќ (19, 203) од денеска се нови играчи на шесткрартниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, откако потпишаа договор со важност од три години.

Двајцата играчи се дел од репрезентацијата на Македонија до 20 години, која се подготува за настап на Европското првенство – Б дивизија, што за неколку денови ќе почне во Романија.

Митев досега настапуваше за екипата на Вардар, додека Мамузиќ неколку сезони беше дел од шпанскиот клуб Баскет Аликанте.

Со овој потег МЗТ Скопје продолжува со интенцијата за ангажирање македонски кошаркари за следната сезона. Во клубот беа вратени: Дамјан Стојановски и Бобан Стајиќ, додека под договор се уште и Марко Симоновски, Адем Мекиќ како и Американецот Ксавиер Темс.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он