Шампионот Мајами победи на отворањето од новата НБА сезона

Од:

Шампионот во НБА лигата Мајами ноќеска на првиот натпревар од новата сезона постигна победа на домашен терен против Чикаго со 107:95.

Натпреварот беше решен во првото полувреме, кога втората четвртина „жешките“ ја добија со 37:18.

Најефикасен на дуелот беше Карлос Бузер од Чикаго со 21 поен, додека повратникот во тимот на „биковите“ Дерик Роуз реализираше 12 поени. Роуз ја пропушти целата ланска сезона поради повреда на коленото.

Кај Мајами Леброн Џејмс со 17 поени беше најефикасен.

Во градската пресметка на Лос Анџелес „Лејкерси“ ги победија „Клиперси“ со 116:103, благодарение на ефикасната последна четвртина кога постигнаа 41 поен. Најпрецизен на дуелот беше Хсавиер Хенри со 22 поена, од кои 12 во последниот период.

На третиот натпревар одигран ноќеска Индијана го победи Орландо со 97:87.

Своето деби во НБА лигата македонскиот интернационалец Перо Антиќ треба да го има вечерва кога Атланта гостува кај Далас.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа