Со убедлива победа од 4:0 попладнево против Нирнберг, новиот шампион на Бундес лигата, тимот на Баерн ја прослави титулата на својата „Алијанц Арена“ во Минхен.
Се уште актуелниот првак Борусија Дортмунд која не успеа да го одбрани шампионскиот трофеј од ланската сезона оствари уште поубедлив триумф на гостувањето против Гројтер Фурт со 6:1.
На другите три попладневни средби од 29.коло во Германското фудбалско првенство постигнати се следниве реултати: Волфсбург – Хофенхајм 2:2, Мајнц – Хамбургер 1:2 и Фортуна Дизелдорф – Вердер 2:2.
Вечерва играат Шалке – Баер Леверкузен.
Последните два натпревара од оваа рунда ќе се одиграат утре. Двојките се: Штутгарт – Борусија Менхенгладбах и Аугсбург – Ајнтрахт.
Табела: Баерн Минхен 78 бодови, Борусија Дортмунд 58, Баер Леверкузен 49, Шалке 45, Фрајбург 45, Ајнтрахт 42, Борусија Менхенгладбах 41,…