Германскиот шампион Баерн Минхен со вечерашниот дуел против Борусија Менхенгладбах го започнува походот за одбрана на титулата. Почетокот на средбата на „Алијанц Арена“ во Минхен е закажан за 20 часот и 30 минути.
За утре се предвидени шест натпревари од 1.коло во сезоната 2013/14 во Бундес лигата. Двојките се:
Баер Леверкузен – Фрајбург,
Хановер – Волфзбург,
Аугзбург – Борусија Дортмунд,
Херта – Ајнтрахт Франкфурт,
Хофенхајн – Нирнберг,
Ајнтрахт Брауншвајг – Вердер.
Првото бундеслигашко коло ќе биде заокружено в недела со натпреварите:
Мајнц – Штутгарт,
Шалке – Хамбургер.