Во првиот натпревар од 10. коло на германската Бундес лига екипата на Шалке го совлада Аугсбург со 1:0.
На средбата одиграна синоќа во Гелзенкирхен, до победата домашниот тим стигна со голот на Холанѓанецот Клас Јан Хунтелар во 37-минута.
Од мечевите кои се играат денеска, најголемо внимание привлекува дуелот во Минхен, каде актуелниот шампион Баерн го пречекува вицепрвакот Борусија Дортмунд. Средбата на „Алијанц арената„ започнува во 18 часот и 30 минути.
Претходно во терминот од 15.30 часот ќе стартуваат натпреварите: Хамбургер – Баер Леверкузен, Хановер – Ајнтрахт, Мајнц – Вердер и Штутгарт – Волфсбург.
Утре (недела) ќе се играат натпреварите: Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм, Келн – Фрајбург и Падерборн – Херта.
Табела: Баерн Минхен 21 бодови, Борусија Менхенгладбах 17, Волфсбург 17, Хофенхајм 17, Баер Леверкузен 16.