Фудбалерите на Шалке со 2:1 ја совладаа Борусија Дортмунд во локалното дерби од 25.коло во фудбалското првенство на Германија одиграно попладнево во Гелзенкирхен.
Победа во оваа рунда забележа и тимот на Мајнц за кој настапува македонскиот репрезентативец Николче Новески. Во триумфот од 1:0 против Баер Леврекузен Новески во 82.минута доби жолт картон.
Постигнати резултати на другите денешни натпревари во Бундес лигата: Гројтер Фурт – Хофенхајм 3:0, Фрајбург – Волфсбург 2:5 и Баерн Минхен – Фортуна Дизелдорф 3:2.
Од 18 часот и 30 минути играат Борусија Менхенгладбах – Вердер.
Утре на програмата се натпреварите: Хановер – Ајнтрахт и Штутгарт – Хамбургер.
Во воведниот дуел од овој круг вчера Аугсбург загуби на домашен терен од Нирнберг со 2:1.
Табела: Баерн Минхен 66 бодови, Борусија Дортмунд 46, Баер Леверкузен 45, Шалке 39, Ајнтрахт 38, Мајнц 37, Фрајбург 36,…