Бранителот на трофејот во Лига Европа шпанската екипа Севиља е на чекор до ново финале откако во првиот полуфинален дуел од Лига Европа синоќа ја победи Фиорентина со 3:0. Севиља ја искористи предноста на домашниот терен и стигна до висока предност.
Головите за шпанскиот клуб ги постигнаа Алекс Видал (17. минута и 52.минута) и Кевин Гамеиро (75. минута).
Во второто полуфинале Наполи и Днипро одиграа нерешено 1:1. Домаќинот Наполи поведе во 50. минута со голот на Давид Лопез, а изедначи резервистот Јевен Селезнов во 81. минута. Тој една минута претходно го замени Никола Калиниќ.
Реванш натпреварите се играат на 14. мај.