Севиља на местото на Рајо Ваљекано во Лига Европа

Од:

Иако заврши на 9.место во шпанската Примера, екипата на Севиља сепак ќе игра во Лига Европа.

Ова е епилогот по губењето на спорот што Рајо Ваљекано го имаше пред Меѓународниот суд за арбитража во Лозана.

Судот го одби барањето на Рајо Ваљекано за добивање дозвола за настап во 3.квалификациско коло во Лига Европа следната недела.

Откако не доби привремена пресуда, осмо пласираниот тим мината сезона во Примера останува без право на настап на европската фудбалска сцена.

Шпанската фудбалска федерација го казни Рајо Ваљекано поради неплатени долгови на тој начин што не му издаде лиценца за учество во натпреварувањата кои ги организира УЕФА, по што следуваше судскиот спор.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска