Сестрите Вилијамс со пресврт до осминафиналето на Австралија опен

Од:

Американските тенисерки, сестрите Серена и Венус Вилијамс со пресврти славеа победи во мечевите од 3. коло на Отвореното првенство на Австралија.

Првата фаворитка во женска конкуренција Серена го загуби првиот сет во дуелот со Украинката Елена Свитолина со 6:4, но во наредните два и препушти само два гема, а истите ги доби со 6:2 и 6:0.

Следна противничка на Серена ќе и биде Гарбине Мугуруса од Шпанија која во три сета беше подобра од Тиме Бешчински од Швајцарија совладувајќи ја со 6:3, 4:6 и 6:0.

Нејзината сестра Венус, на нешто потежок начин стигна до осминафиналето, откако првиот сет во дуелот со Италијанката Камила Џорџи го загуби со 6:4, во вториот се спасуваше во тај-бреј (7:6). Сепак, искусната Венус во решавачкиот сет и препушти само еден гел на 11 години помладата Италијанка, добивајќи го со 6:1.

Венус во осминафиналето ќе игра против 6-носителка Ангешка Радванска од Полска која со 6:0 и 7:5 ја победи Варвара Лепченко од САД.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На местото каде што го апсеа, на Ѓоковиќ му приредија нешто што ќе памети

Ана Ололовска

Ѓоковиќ по десетти пат е крал на Мелбурн

Ана Ололовска

Надал поразен во второто коло на Австралија Опен

Ана Ололовска

Ѓоковиќ пристигна во Австралија, но визата му е одбиена

Ана Ололовска

Австралиските власти бараат докази од Ѓоковиќ за медицинската потврда

Ана Ололовска

Ѓоковиќ доби медицинска потврда за ослободување од вакцина и полета кон Австралија

Ана Ололовска