Екипата на Сиена на последниот натпревар од 25. коло до Серија А синоќа пред своите навивачи го совлада Лацио со убедливи 3:0 и со тоа прави чекор кон бегство од зоната за испаѓање.
За разлика од нив „лацијалите“ ја продолжија лошата серија и на пет натпревари немаат остварено победа и имаат освоено само два бода.
Головите за победата на Сиена ги постигнаа: Иносент Емехара во 7.минута и 61.минута и Алесандро Росина во 23.минута.
Со новите три бодови Сиена е на 18.та позиција со вкупно 21 бод. Лацио остана со 44 бодови на 4.место, зад водечката тројка Јувентус, Наполи и Милан.