Серија А се извини за антирасистичката кампања со слики од мајмуни

Од:

Извршниот директор на италијанската Серија А, Луиџи Ди Сиеро, се извини за реакцијата што ја предизвика новата кампања против расизмот.

Како дел од кампањата против навредите на расна основа во италијанскиот фудбал, беше покрената акција на која има три мајмуни насликани од уметникот Симоне Фугаџото, кој изјави дека сликите треба да покажат: „Сите ние сме една раса“.

Клубовите ја критикуваа оваа идеја.

– Се извинувам на сите што се навредија од работата на Симоне Фугаџото. И покрај фактот дека уметникот објасни дека пораката за неговите креации е против расизмот, овие дела сè уште беа контроверзни за многумина. Невозможно е да се оспори само решителната и постојана осуда од Серија А за сите форми на дискриминација и расизам што сакаме да ги отстраниме од нашата лига, изјави Сиеро за „Фудбал Италија“.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска