Серија А: Одиграни четири натпревари од 10 коло

Од:

Во фудбалското првенство на Италија односно Серија А, попладнево беа одиграни четири натпревари од 10 коло.

Средбите Киево – Сасуоло и Торино – Аталанта завршија без голови 0:0.

Победа пред своите симпатизери забележа Сампдорија која со 3:1 ја победи Фиорентина.

Најмногу голови, шест, беа постигнати на дуелот во Удине, каде Џенова како гостин ја победи екипата на Удинезе со 4:2.

Во последниот дуел за денеска кој ќе се игра вечерва во терминот од 20.45 часот, Милан го пречекува Палермо.

Колото ќе биде заокружено во понеделник со средбите, Чезена – Верона и Лацио – Каљари.

Табела: Јувентус 25 бодови, Рома 22, Сампдорија 19, Наполи 18, Џенова 18, Лацио 16 (-1 натпревар помалку), Милан 16 (-1), Удинезе 16…

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска