Натпреварите од 6. коло од Серија А, кои се играат денеска ќе минат во знак на дербито на Торино, каде истоимената екипа е домаќин на шампионот Јувентус. Почетокот на натпреварот е во 12 часот и 30 минути.
Лидерот на табелата Рома на „Олимпико“ ја пречекува екипата на Болоња во вечерниот термин (20:45 часот).
Другите денешни натпревари се играат во 15 часот, а двојките се: Аталанта – Удинезе, Каљари – Интер, Катанија – Киево, Сасуоло – Лацио и Верона – Ливорно.
Фиорентина и Парма натпреварот го играат утре.
Вчера Наполи со двата гола на Горан Пандев постигна победа од 2:0 на гостувањето кај Џенова, а Милан на домашен терен ја победи Сампдорија со 1:0.
Табела: Наполи 16 бодови, Рома 15, Интер 13, Јувентус 13, Фиорентина 10,…