Сент Етиен преку пенали до финалето во Лига купот

Од:

Фудбалерите на Сент Етиен се првите финалисти во фудбалскиот Лига куп на Франција, откако синоќа пред своите навивачи по изведување на пенали го победија Лил. Пенал серијата заврши со резултат 7:6.

По 90 минути игра и двете продолженија од по 15 минути ниту една од екипите не успеа да постигне гол во првиот полуфинален дуел од Лига купот.

Кој ќе биде противник на Сент Етиен во финалето закажано за 20 април во Париз, ќе се знае вечерва по одигрувањето на вториот полуфинален дуел Рен – Монпеље (почеток 21 часот).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска