Селекторот на Франција е сигурен во победа против Исланд

Од:

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидије Дешан кажа убеден е дека ќе извојува победа против репрезентацијата на Исланд.

Исланд играше многу добро во групната фаза, а во осминафиналето ја победија Англија. Тоа покажува дека се квалитетна екипа. Ова е четвртфинале и во оваа фаза на натпреварувањето се само добри тимови. Од друга страна, ние сме убедени дека ќе победиме во четвртфиналето, рече Дешан.

-Моите ограчи знаат дека Исланд не стигна случајно до овде. Тие се тука зашто тоа го заслужија со својата игра и својот квалитет. Заслужија да ја победат Англија, а тоа го постигнаа со квалитетна гра, рече тој.

Тој оцени дека прекините од голема далечина се една по појаките предности на Исланд.

-Изведувањето аут од 35 или 40 метри за нив е како слободен удар. Ние мора да пронајдеме начин да се носиме со тоа. Ако играта е отворена, тие се исклучително способни да се прилагодат на таквата игра, а со тоа стануваат многу опасни од такви ситуации, рече Дешан.

Според францускиот селектор, репрезентацијата никогаш не вежба изведување пенали.

Натпреварот Франција-Исланд е од 21 часот, а победникот се среќава в полуфиналето до репрезентацијата на Германија.

Би можело да ве интересира

УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Предраг Петровиќ

Белорусија ќе ја пречека Швајцарија во Србија

Словенките ја исфрлија Србија, Хрватска со последниот шут до реми со Швајцарките

Германците си поигруваа, но не ја испуштија големата предност

Грците ќе го имаат Јанис Адетокумбо за осминафиналната пресметка на Евробаскет

Тројца судии суспендирани од ЕП