СЕХА: Вардар поразен на гостувањето кај Нексе

Од:

Ракометарите на Вардар вечерва беа поразени од Нексе со 24:21 (11:14) во меч од 17-тото коло на СЕХА лигата. За „црвено-црните“ ова беше втор пораз по ред во регионалната лига и четврти вкупно сезонава. Ова е и прв триумф на Нексе против Вардар по цели пет години.

Вардар имаше водство во текот на целото прво полувреме, а на полувреме замина со +3. Тимот на Роберто Парондо имаше водство од 17:20 во 46-тата минута но потоа следеше период од десетина минути без гол, кој доведе до пресврт и конечна победа за хрватскиот тим.

Халил Јагањац со шест гола беше најпрецизен кај победникот, a клучен за победата на Нексе се чини беше голманот Морено Цар, кој имаше вкупно 16 одбрани дел од нив кога се кршеше резултатот. Кај вардарци Мораеш, Чупиќ и Дибиров дадоа по три гола, додека Милосавлјев имаше 13 одбрани.

По поразот Вардар падна на третото место на табелата, со ист број на бодови како Нексе и ППД Загреб, но со послаба гол разлика.

Последниот дуел од групната фаза македонскиот тим го игра веќе во вторник, од 17, 15 часот против Извиѓач во БиХ.

Би можело да ве интересира

Борко Ристовски е нов извршен директор на РК Вардар, Столе Стоилов помошник тренер

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Манасков се врати во Вардар

Дибиров: Сакав да останам во Вардар, но ситуацијата стана мачење

Вардар не го дава ракометниот трон на Македонија

Катерина Ѓуровски