Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром Сеад Шеховиќ со својот учинокна дуелот со Мега се избори за место во ТОП 5 играчи на колото. Тој на натпреварот имаше 27 индекс поени. На првата позиција е Никола Калиниќ (Црвена Звезда) 32, пред Џонс Лазериќ (Шолнок) 30 и Роко Лени Укиќ (Цедевита) 29, додека зад Шеховиќ е Џејмс Рејндолс (Будуќност) 24.
Шеховиќ за 36 минути постигна 19 поени, а имаше 5 скокови и 3 асистенции.
Тој е трет играч на „металците“ со место во ТОП 5, откако претходно тоа им успеа на Марко Симоновски во 1.коло и на Александар Цветковиќ во 2.коло.
Од другите играчи на МЗТ Скопје, Предраг Самарџиски со 9 скокови е на четвртото место, а Цветковиќ со 8 асистенции е трет.