Ракометарот на Металург Филип Миркуловски се ожени со долгогодишната девојка Благица Наумовска, ќерка на претседателот на Уставниот суд, Бранко Наумовски.
Свадбата беше во скопски ресторан, каде младинците го склучија и граѓанскиот брак. Предходно тие се венчаа во црквата „Св. Богородица”.
Филип Миркуловски е еден од најдобрите играчи во македонската ракометна репрезентација и има големи заслуги за успехот на последното Европско првенство и освоеното 5-то место.