Саутемптон одигра нерешено против Њукасл

Од:

Фудбалерите на Саутемптон одиграа нерешено 2-2 против Њукасл во натпреварот од 8.коло на англиската Премиер лига.

Иако тимот на Њукасл со головите на Исак Хајден (20.минута) и Ајозе Перез (51. минута) во два наврати имаше предност, сепак домаќините успеаја да се вратат во игра и да освојат бод.

За тоа се погрижи Маноло Габиадини кој ги постигна двата гола, првиот во 49.минута, а вториот во 75.минута од пенал.

Со по еден освоен бод, Њукасл и Саутемптон останаа на 10-то и 11-то место на табелата со 11, односно девет бода.

На првиот натпревар кој се одигра денеска, Брајтон беше блиску да направи изненадување во дуелот против Евертон, но благодарение на голот на Веј Руни од пенал во последната минута гостите извлекоа нерешен резултат 1-1.

Брајотн и Евертон се во групата од пет екипи од 13. до 17.место со по осум освоени бодови.

Осмата рунда во Премиер лигата ќе биде заокружена утре со средбата Лестер – ВБА.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска