Сари: Загубивме затоа што баравме победа по секоја цена

Од:

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, имаше интересно објаснување за поразот од 1:2 на гостувањето кај Удинезе на „Дачиа Арената“ во 35-то коло од Серија А. „Бјанконерите“ можеа уште вчера да го обезбедат Скудетото доколку ги земат трите бода. Тренерот смета дека тоа е прекумерната амбиција да бара победа по секоја цена што одигра лоша шега на неговиот тим.

– Ова се случува често во последно време. Ние ја губиме организацијата во нашата игра. Игравме добро прво полувреме, но откако го добивме изедначувачкиот гол, побрзавме да ја бараме победата по секоја цена, што доведе до деорганизација и проблеми во нашата игра. Нашата желба да победиме, доведе до погодок на противникот во 93-тата минута, смета Сари.

Тој вели дека е тешко да се најде вистинска рамнотежа во моментов затоа што сите во тимот се уморни.

– Затоа не сме доволно агресивни, но мислам дека организацијата е поважна од агресијата во моментов. Се чини дека повеќе станува збор за ментален, отколку за физички замор. Натпреварите се толку многу чудни пред празни трибини. Инерцијата се менува толку брзо. Мораме да ги научиме лекциите по овие натпревари и да се вратиме во форма, додаде стручњакот.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска