Сари руши рекорд во Серија „А“ со титулата со Јувентус

Од:

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, би можел да влезе во историјата во Серија „А“ со освојување на титулата, што се чини сигурно. Италијанскиот стручњак ќе стане најстариот ментор што ќе го освои Скудетото. Сари во моментов има 61 година и шест месеци.

Има многу рекорди кои ќе бидат срушени доколку „бјанконерите“ ја совладаат Сампдорија и ја освојат својата деветта последователна титула во Италија.

Целата кариера на Маурицио Сари досега го доведе до само еден голем трофеј – Лига Европа со Челси.

Претходниот рекорд за најстариот тренер кој го освоил Скудетото беше Нилс Лидолм во 1983 година, кога Швеѓанецот ја одведе Рома до титулата на 60 години и седум месеци.

Сепак, ова беше втора титула на легендата на Милан, откако тој ги доведе „росонерите“ до Скудетото во 1979 година, додека сега Сари ќе дебитира на врвот.

Во исто време, во 1991 година, Вујдин Бошков имаше 60 години кога ја освои титулата со Сампдорија.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска