Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, по освојувањето на трофејот во Лигата на Европа, изрази надеж дека ќе продолжи да работи со тимот.
Италијански фудбалски стручњак планира да разговара со раководството во врска со неговата иднина на „Стемфорд бриџ“.
Треба да разговараме со менаџментот на клубот и да видиме што можам да направам за Челзи и што може Челзи да стори за мене. Сакам да работам во Премиер лигата, јас сум среќен во Челзи, но на крајот од секоја сезона треба да се дискутира за постигнатото. Мислам дека заслужувам да останам во Челзи. Но, моето мислење само по себе не е доволно, изјави Сари.
Челзи синоќа во Баку во финалето на Лига Европа го победи Арсенал со 4:1.