Сари откри како ќе го користи Кристијано во Јуве

Од:

Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, откри како планира да ја искористи големата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо.

Се очекува на почетокот на сезоната, стратегот по предните позиции да ги користи петкратниот освојувач на „Златната топка“, како и Пауло Дибала и Даглас Коста, што значи дека „бјанконерите“ нема да има конкретен централен напаѓач.

– Кристијано Роналдо ги освои сите свои индивидуални и колективни награди кога играше лево од нападот. Мојата прва намера е да стартува од оваа позиција, но со оглед на неговите квалитети, нема да биде проблем да го преместам и за 10 метри, рече Сари пред неговото неофицијално деби на торинскиот тим, кое на програмата е утре против Тотенхем.

Со оваа изјава тој сигнализираше дека триото во нападот постојано ќе ги менува местата за време на натпреварите. Тој користеше сличен пристап во Челзи, каде што му даде целосна слобода на Еден Азар, а минатата година беше најдобрата за белгискиот репрезентативец на „Стемфорд Бриџ“.

Минатата сезона, Роналдо ја освои титулата и Супер Купот на Италија. Со Португалија триумфираше во Лигата на народите, а во последните единаесет години освои пет „Златни топки“.

Би можело да ве интересира

Неуспешно деби за Гатузо на клупата на Наполи

Ана Ололовска

Рибери ќе биде аут од терените во следните 10 недели

Ана Ололовска

ПСЖ го сака Икарди за постојано, Нара сака да почека

Ана Ололовска

Јувентус и ПСЖ преговараат за размена за Емре Џан и Паредес

Ана Ололовска

Жиру блиску до Интер

Ана Ололовска

За Елмас можеби ќе нема место во тимот на новиот тренер Гатузо

Ана Ололовска