Сари: Не ми се допаѓа ВАР технологијата

Од:

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, во пресрет на градското дерби против Торино, изјави дека овие дуели се поважни за „биковите“, отколку за „старата дама“, но тоа не значи дека не сакаат да победат, и да покажат кој е главен во градот.

Главма тема во фудбалска Италија во последната недела се спорните судиски одлуки и примената на ВАР технологијата. Сари смета дека со видео-технологијата, го нема очекуваното подобрување во одредени сегменти.

– Ми се допаѓа кога судиите делат правда на терен. Но, правилата си се правила, треба да се почитуваат, иако некои не се прифатливи, како регулацијата за играње со рака и кога е пенал, а кога не. ВАР е тука за микроскопски грешки, но јас сум против ако снимка се гледа три до четирипати во текот на еден натпревар, истакна Сари.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска