Португалската фудбалска федерација му го продолжи договорот на селекторот на репрезентацијата Фернандо Сантош, со што 65-годишниот стратег треба да остане на чело на националниот тим до 2024 година.
„Голема чест е за мене и мојот тренерски кадар да го продолжам овој пат, кој започна, благодарение на волјата и решителноста на претседателот на федерацијата. Знаеме дека не можеме да освоиме сè, но ќе се бориме да го сториме тоа. Можно е по завршувањето на овој договор да ја завршам својата тренерска активност,“ изјави Сантош.
Стручњакот ја предводеше Португалија во 2014 година. Под негово водство, тимот стана европски шампион (2016) и победник во Лигата на нации на УЕФА (сезона 2018/2019).