Фернандо Сантос од денес е нов предводник на португалската фудбалска репрезентација, соопшти тамошниот националниот сојуз.
Новиот португалски селектор на јавноста ќе и биде претставен попладне во Лисабон на првата прес-конференција.
Сантос доаѓа на местото на Пауло Бенто кој поднесе оставка по поразот на стартот на евро-квалификациите од Албанија со 1:0.
Новиот селектор на „Европските Бразилци“ претходно ста функција извршуваше во Грција, а како тренер работел во екипите на Есторил, Естрела, Амадора, АЕК, Порто, Панатинаикос, Спортинг Лисабон, Бенфика и ПАОК.