„Сантијаго Бернабеу“ ќе биде целосно реконструиран до есен 2022 година

Од:

Градежните работи на трансформација на „Сантијаго Бернабеу“ во најмодерен стадион во светот се одвиваат со задоволително темпо и се очекува да финишираат во рок од 18 до 21 месец.

Иако сè уште не е завршена ниту половина од работата на реконструкцијата на стадионот, во Реал Мадрид се убедени дека „Сантијаго Бернабеу“ ќе добие целосно нов лик до септември 2022 година.

Како што објавија шпанските медиуми, на реконструкцијата на „Бернабеу“ секојдневно се ангажирани над 700 работници, кои вложуваат максимални напори во предвидениот рок да ја завршат реконструкцијата на стадионот.

Целта на раководството на „Кралскиот клуб“ е да се обезбеди присуство на публика на стадионот до септември оваа година, бидејќи предвидувањата на УЕФА се дека фудбалските натпревари во Европа од следната сезона ќе се играат пред публика.

Реконструкцијата на „Сантијаго Бернабеу“ се очекува да го чини Реал Мадрид околу 400 милиони евра.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска