Самсоненко сепак останува во Вардар

Од:

Сергеј Самсоненко изјави дека ја променил својата одлука и кажа дека и по завршувањето на сезоната ќе остане и во ракометните и во фудбалскиот клуб Вардар.

Тој во август со писмено соопштение се обрати до јавноста и кажа дека по завршувањето на сезоната ќе се повлече од македонскиот спорт поради пишувањата и клеветите против него искажани во медиумите.

Денеска на прес-конференција тој кажа дека тогаш со жешка глава ја донел таа одлука, а не дека сакал да замине од Вардар.

– Тука сум да правам добри работи, не сум направил ништо лошо. Не сакав и нема да заминам од Вардар, ќе останам тука и во добро и во лошо, рече Самсоненко.

Би можело да ве интересира

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

САД на „Црната листа“ ги стави Ратка Камчева, Сергеј и Ирина Самсонеко и неколку фирми

Горан Наумовски

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он

Фудбалерите на Вардар останаа без плата, Комитите собираат пари: Цобе сите не изневери

Горан Наумовски