Самсонеко влегува и во машката екипа на Вардар

Од:

Сергеј Самсонеко е новиот спортски директор на машката екипа на Вардар. Ова денеска на прес конфренеција го објави претседателот на клубот Михајло Михајловски. Договорот за „влегувањето“ на Самсоненко во македонскиот шампион бил направен во последните седум денови.

Инаку, Самсонеко во македонскиот ракомет е познат како творец на женскиот тим на Вардар, кој оваа година ја освои првата шампионска титула и за следната сезона се очекува настап во групите од Лигата на шампионите.

Главна задача на Самсонеко ќе биде да го направи Вардар уште посилен.

– Мојата основна задача ќе биде да најдам спонзори и да биде обезбеден буџетот на клубот. Исто така ќе ги договараме и играчите и секако тренерот, кој ќе биде познат до крајот на месецов. Би искажал голема благодарност до Михајло Михајловски и секако за тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ под чие водство е освоена и шампионската титула. Благодарност и до РК Металург, кој во со своите резултати овозможи пласман на нашата екипа во Лигата на шампионите, истакна Самсоненко.

Според зборовите на Михајловски, во новата сезона Вардар ќе атакува на одбрана на титулата, пласман на Ф4 во СЕХА лигата и добар пласман во Лигата на шампионите.

Од играчкиот кадар клубот го напуштаат Рајковиќ и Лазовиќ, како и Никола Маркоски, кој веќе потпиша со Металург. Приоритет во ангажирањето на нови играчи ќе биде на позициите десен бек и пикер.

Според договорот во идинна името на клубот ќе биде РК Вардар без додавката Про. „Црвено-црните“ и следната сезона ќе играат во СРЦ Кале, а кога ќе биде готова новата сала во Аеродром и машката и женската екипа своите натпревари ќе ги играат во новата сала.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП