Само девет дена траеше епизодата на Михајловиќ во Спортинг

Од:

Како што беше најавено, португалскиот клуб Спортинг ја искористи клаузулата во договорот и го отпушти српскиот тренер само девет дена по промоцијата во Лисабон.

Отказот на Михајловиќ е резултат на промените кои се случија во раководството на Спортинг. Новиот претседател на клубот, Соуза Синтра, го откажа договорот со поранешниот српски селектор.

Михајловиќ потпиша тригодишен договор вреден шест милиони евра, додека Синтра на прес-конференција изјави дека ќе му се исплати надомест од 300.000 евра.

Останува да се види дали Михајловиќ ќе биде задоволен со овој исход или ќе побара два милиона евра како што се шпекулираше дека ќе му припаднат во случај на еднострано раскинување на договорот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Португалците ја надиграа Турција за осминафинале на ЕП

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бруно Фернандеш ги одведе Португалците во осминафинале на СП

ВИДЕО: Португалците најдоа начин да ја победат Гана

Натпревар во Португалија прекинат поради недоволно здрави фудбалери

Ана Ололовска

Истраги за даночни измами во португалскиот фудбал

А1он

Сантош ќе ја напушти португалската репрезентација доколку не се пласира на СП 2022

Ана Ололовска