Само бод за ПСЖ на отворањето на новата сезона во Лига 1

Од:

Бранителот на шампионскиот трофеј во француската фудбалска Лига 1, тимот на Пари Сен Жермен одигра нерешено 2:2 на отворањето на сезоната 2014/15. Синоќа на гостувањето кај Ремс по многу возбудувања на крајот двете екипи освоија по еден бод.

Шампионот прв дојде во водство преку Златан Ибрахимовиќ во 7.минута, а истиот играч 12 минути подоцна не реализира пенал. До крајот на првото полувреме домаќините направија целосен резултатски пресврт. Принс Онијанг во 22. минута изедначи, а Антоан Дево во 34.минута им донесе предност на домаќините. Со својот втор погодок, во 63.минута Ибрахимовиќ спречи изненадување.

Вечерва од 21 часот се играат седум натпревари: Бастија – Олимпик Марсеј, Евиан – Каен, Генгамп – Сент Етиен, Лил – Мец, Монпеље – Бордо, Нант – Ленс, и Ница – Тулуз.

Првиот круг од Лига 1 ќе биде заокружен утре со средбите Олимпик Лион – Рен и Монако – Лориен.

Би можело да ве интересира

Зидан го добива најчудниот договор во историјата на фудбалот

А1он

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска