Шампионот на Франција, екипата на ПСЖ и на третото гостување во новото првенство одигра нерешено.
Во рамките од 5. коло кај Рен „парижаните“ одиграа 1:1, иако имаа водство со голот на Камара во 43. минута. Домашните изедначија преку резервистот Н‘Теп во 55. минута, откако во игра влезе четири минути претходно.
На другите натпревари од 5. коло вечерва од 20 часот играат: Бастија – Ленс, Монпеље – Лориен, Ница – Мец, Ремс – Тулуз и Сент Етиен – Каен.
Вчера Олимпик Лион го победи Монако со 2:1, а утре се играат натпреварите: Лил – Нант, Генгамп – Бордо и Евиан – Олимпик Марсеј.
На чело на табелата е Бордо со 10 бодови, ПСЖ има 9, Рен и Лил по 8.