Лидерот во француската Лига 1 Олимпик Лион на гостувањето кај Лориен одигра нерешено 1:1.
Олимпик Марсеј поведе преку Димитри Паје во 32,минута, а изедначи Џордан Ајев од пенал во 37.минута.
Лориен по двете победи по ред одигра нерешено, додека Олимпик со освоениот бод може да го испушти првото место.
На другите два натпревара од 16.коло одиграни синоќа имаше победи. Нант загуби дома од Тулуз со 2:1, а Монако го совлада Ленс со 2:0.
Вечерва се играат шест натпревари: Бастија – Евиан, Генгамп – Каен, Мец – Бордо, Монпеље – Сент Етиен, Ница – Рен и Лил и ПСЖ.
Последниот дуел од колото меѓу Олимпик Лион и Ремс е закажан за во четврток.
Табела: Олимпик Марсеј 35 бодови, ПСЖ 33, Олимпик Лион 27, Бордо 27, Сент Етиен 26, Рен 25,…