Само бод за Наполи против Сасуоло

Од:

Екипата на Наполи пропушти можност да остане со максимален учинок откако синоќа во 5.коло од Серија А одигра нерешено на домашен терен на „Сан Паоло“ со последнопласираниот Сасуоло – 1:1.

Ова за противникот беше прв бод во Серија А, додека Наполи е на делба на второто и на третото место со шампионот Јувентус со по 13 бодови, зад лидерот Рома која има максимални 15.

Горан Пандев играше за Наполи до 62.минута кога беше заменет од Каљехон. Вториот македонски репрезентативец во италијанското првенство Агим Ибраими (Каљари) остана на клупата за резерви на дуелот Ливорно – Каљари 1:1.

На другите натпревари од ова коло одиграни синоќа беа постигнати следниве резултати: Болоња – Милан 3:3, Киево – Јувентус 1:2, Лацио – Катанија 3:1, Парма – Аталанта 4:3, Сампдорија – Рома 0:2, Торино – Верона 2:2 и Удинезе – Џенова 1:0 (играно во вторникот) 1:0.

Колото ќе биде комплетирано вечерва со натпреварот Интер – Фиорентина. Табела: Рома 15 бодови, Наполи 13, Јувентус 13, Интер 10, Фиорентина 10, Лацио 9,.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска