Екипите на Монако и Ремс одиграа натпревар без победник во воведниот дуел од 12.коло на фудбалскиот шампионат на Франција.
На средбата одиграна синоќа на стадионот „Луи Втори„ домашниот тим поведе со голот на Ува Елдерсон во 20-минута. Сепак, за „Кнезевите„ да не ја остварат третата последователна победа се погрижи Камерунецот Бенџамин Мукаџо кој во 80-минута го израмни резултатот на 1:1.
Во останатите натпревари од ова коло ќе играат:
Сабота
17:00 Лориен – Париз Сен Жермен,
20:00 Мец – Кан,
20:00 Ница – Олимпик Лион,
20:00 Гингамп – Бастија,
20:00 Лил – Сент Етијен,
20:00 Монпеље – Евијан,
Недела
14:00 Нант – Рен,
17:00 Бордо – Тулуз,
21:00 Олимпик Марсеј – Ленс,
Табела:
Олимпик Марсеј 25 бодови,
Париз Сен Жермен 21,
Олимпик Лион 20,
Сент Етијен 20,
Нант 19,
Бордо 18,
Монако 18.