Самбо репрезентативците на прием во Агенцијата за млади и спорт

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, денеска ги прими самбо репрезентативците на Македонија кои ќе настапат на Светското првенство за сениори од 10 до 14 ноември во Софија, Бугарија.

Ристо Димитров, Александар Петковски и Амра Фејзула се нашите претставници кои ќе настапат во различни категории.Димитров (-68 кг) и Петковски (100 кг) ќе настапат во комбат самбо, а Фејзула (-60 кг) во спорт самбо.

Репрезентацијата ја предводи претседателот на Македонската самбо федерација, Ердал Факиќ, кој ќе учествува на Конгресот на Свестката самбо федерацаја –ФИАС, како и тренерот Џемаил Идризи. На Конгресот ќе се направи напор Македонија да биде организатор на Европското првенство за сениори во 2018 година.

Инаку, ова е трето учество на светските првенства по настапите во Јапонија и Мароко, каде нашиот репрезентативец Славчо Тодоров (-90 кг) се пласира на седмото место што е најдобар пласман нa светските првенства во самбо на еден македонски натпреварувач.

Според најавите на организаторот, на СП треба да присуствува и претседателот на Руската Федерација, Владмир Путин.

Спасески им посака многу успех на претстојниот светски шампионат и додаде дека Агенцијата за млади и спорт секогаш застанува зад успешните спортисти. Настапот на самбо репрезентативците во Софија е помогнат од Агенцијата со 100.000 денари.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска