Центарот на МЗТ Скопје Аеродром Предраг Самарџиски се најде меѓу петте најдобри играчи по бројот на индексни поени во 15. коло од регионалната кошаркарска АБА лига.
Во саботниот пораз на МЗТ од Задар, Самарџиски имаше ефект од 20 поени, 11 скокови, по две асистенции, освоени и загубени топки, доволни за 33 индексни поени..
Претходно од тимот на македонскиот шампион во ТОП 5 беа Марко Симоновски, Александар Цветковиќ и Сеад Шеховиќ.
МВП на колото е Јосип Собин од Задар со 38 индексни поени.
Во идеалната петорка уште се: Милан Мачван (Партизан) 32 инд.поени, Иве Иванов (Задар) 31, и Никола Јокиќ (Мега Лекс) 30.