Салиба е најновиот член на Арсенал

Од:

Само неколку часа откако Арсенал го објави новото засилување од Реал, Дани Себалос, „топџиите“ излегоа со уште една објава, имаат уште едно најново засилување, Французинот Вилијам Салиба.

Станува збор за 18-годишниот играч на Сент Етјен, стандарден член на младата репрезентација на Франција, кој лани дебитираше во првата лига, а сега веќе има 16 настапи со најтрофејниот француски клуб.

Арсенал не објави детали за висината на износот на договорот, па медиумите во Англија шпекулираат со бројка од 27 милиони евра и бонуси, како и дека следната сезона ќе остане во Сент Етиен како позајмување.

Француските медиуми го споредуваат младиот Французин со Рафаел Варан, како и дека Арсенал за малку им го земале бекот од градскиот ривал Тотенхем, кој исто така бил заинтересиран за Салиба.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска