Сагата околу трансферот на Бејл е при крај, Тотенхем сака да го врати во старото јато

Од:

Реал Мадрид веројатно ќе успее да се „ослободи“ од Герет Бејл. Велшанецот беше остранет од маркетинг кампањата за нови дресови, скоро ништо со неговиот лик или име не може да се купи во официјалните клупски „продавници“, а се покажа дека станува збор за најава за трансфер, откако крилото никогаш не било поблизу до враќање во Англија.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо, еден од најсигурните извори на информации околу фудбалските трансфери, објави дека Тотенхем преговара со Реал за велшкиот ас чии денови во Мадрид се одбројани.

Договорот е сè уште далеку, но темата Бејл „се појавила“ за време на преговорите меѓу Даниел Ливи и Флорентино Перез за Серхио Регилон. Тогаш првиот човек на Тотенхем прашал дали Бејл може да биде вклучен во големиот трансфер, а се чини дека „кралскиот клуб“ дал зелено светло.

– Герет Бејл сè уште го сака Тотенхем, преговараме … Тој сака да биде таму, изјави агентот Џонатан Бенет вечерва за Би-Би-Си, потврдувајќи дека нешто се случува.

Добро е познато дека Герет Бејл одлично се снајде во дресот на „спарс“ пред да дојде во Реал Мадрид. Тој доживеа ренесанса преминувајќи од позицијата лев бек на позицијата лево крило, па стана најскапиот на сите времиња летото 2013 година, кога Реал Мадрид за него плати повеќе од 100 милиони евра.

Би можело да ве интересира

За еден бакнеж екс претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија ќе плати 10.000 евра

А1он

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он