Мијатовиќ: Чаби Алонсо треба да биде нов тренер на Реал Мадрид

Од:

Предраг Мијатовиќ во текот на годинава неколкупати ги коментираше случувањата во Реал Мадрид, а во последната изјава даде предлог за идниот тренер на „кралскиот клуб“.

Спортскиот оперативец на Партизан во неколку наврати потенцираше дека времето на Карло Анчелоти поминало и дека треба да биде сменет меѓу двете сезони.

„Анчелоти заврши одлична работа во два периода во Реал Мадрид. Тој е тренерот кој освои најмногу титули и мислам дека никој нема да го надмине, бидејќи фудбалот оди во насока каде што секој ден има се помалку трпение со тренерите и играчите. Никој нема да има толку долга кариера што би можел да го надмине по освоени трофеи“, изјави Мијатовиќ за шпанското шоу „Ефелитол“.

Мијатовиќ има предлог и за претседателот на Реал – Флорентино Перез.

„Мислам дека без разлика како ќе заврши оваа сезона, Анчелоти треба да си замине од Реал Мадрид. Флорентино Перез треба да донесе одлука да бара друго решение, а ако може да биде Чаби Алонсо, тој треба да биде опција број еден“ смета Црногорецот.

Мијатовиќ три години беше спортски директор на Реал и истакна дека за време на неговиот мандат на сличен начин му се заблагодарил на Фабио Капело.

Би можело да ве интересира

Реал Мадрид остана без трофеј, а оствари рекордни приходи

А1он

Винисиус Жуниор се сели во Арсенал?

А1он

Поради трансферот во Реал, сопругата на Кукуреља добива смртни закани

А1он

Жозе Мурињо е новиот тренер на Реал Мадрид

А1он

Атлетико одби од Реал Мадрид понуда од 150 милиони за Хулијан Алварез

А1он

Папата Лав XIV доби дрес на Реал Мадрид со неговото име и број еден

А1он