Рускиот голгетер Максимов нов играч на Вардар

Од:

Македонскиот фудбалски шампион Вардар денеска доби нов играч во своите редови. Рускиот интернационалец 21-годишниот Максим Максимов потпиша тригодишен договор со „црвено-црните“ соопштија од Вардар.

Максимов доаѓа од литванскиот клуб Тракаи, за кој оваа сезона постигна седум гола во квалификациите на Лигата на Европа.

– Знам за Вардар дека е голем клуб и дека во последните години е редовен шампион на Македонија. Клубот секогаш оди на титула, на највисок пласман, а оваа година стигна и до најголемиот успех во историјата со пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите. Од оваа сезона очекувам да ја одбраниме титулата во првенството, да освоиме што е можно повеќе бодови во групата во Лигата на Европа, зошто да не и да продолжиме понатаму во следната фаза, истакна Максимов за официјалната веб страница на Вардар.

Максимов посакува да ја продолжи својата голгетерска форма и во новиот клуб и да постигне што е можно повеќе голови.

– Ова за мене е нов предизвик, поинаков од досегашните. Вардар е добра можност да ги покажам моите квалитети, да ги покажам моите амбиции. Се надевам дека ќе ја продолжам мојата форма и дека ќе продолжам да давам голови и во дресот на Вардар, кои ќе му донесат успех на тимот. Верувам дека брзо ќе се адаптирам во новата средина. Знам дека има неколку фудбалери во екипата кои што зборуваат руски јазик, и верувам дека ќе ми помогнат за да се прилагодам во новиот клуб, а јас на секој тренинг и на секој натпревар ќе давам максимум за да ја оправдам довербата, рече Максимов.

Рускиот голгетер првите фудбалски чекори ги направи во фудбалската школа на својот роден град Воронеж, а потоа преку рускиот тим Факел, заминува во Литванија во тимовите на Атлантас и Тракаи.

Би можело да ве интересира

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

ФК Вардар доби свој дом во Аеродром, пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот

А1он

Муцунски: Вардар и Комити добиваат нов спортски терен во Аеродром, поддршката за клубот продолжува и во иднина

Бугарската Фондација не се откажува: Вардар не искористи, влегуваме во Втора или Трета лига со 120.000 евра

Орце Костов

ЛДП: ФК Вардар е симбол на државата, затоа ја поздравуваме поддршката на политичките партии за клубот

ЛДП обезбеди финансиска поддршка на ФК Вардар во Град Скопје