Русија и Србија со најголема предност по првите бараж дуели

Од:

На седумте први натпревари од бараж дуелите за пласман на Светското ракометно првенство во Катар 2015 година, одиграни во текот на вчерашниот ден, најголема предност остварија репрезентациите на Русија и Србија кои ги совладаа своите противници со осум голови разлика.

Значајна победа на гостински терен забележа и Македонија која во Атина ја порази Грција.

Изненадување направи Босна и Херцеговина со победата против фаворитот Исланд, иако на полувремето Исланѓаните водеа со три голови разлика.

Постигнати резултати: Грција – Македонија 25:27, Русија – Литванија 30:22, Полска – Германија 25:24, Романија – Шведска 24:25, Австрија – Норвешка 28:26, Босна и Херцеговина – Исланд 33:32 и Србија – Чешка 23:15.

Денеска играат Унгарија – Словенија и Црна Гора – Белорусија.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП