Руни најмлад во Премиер лигата со 150 голови

Од:

Со двата гола во неделното дерби против градскиот ривал Манчестер сити, Вејн Руни, напаѓачот на Манчестер јунајтед, стана најмладиот играч во Премиер лигата со 150 постигнати голови.

Руни на „Етихад“ погодоците ги постигна во 16-тата и 29-тата минута. На крајот неговата екипа славеше со 3-2.

Напаѓачот на Јунајтед до бројката од 150 голови во Премиер лигата дојде на возраст од 27 години и 46 денови. Претходен рекордер беше напаѓачот на Арсенал, Французинот Тиери Анри, кој до 150 погодоци дојде на 28 години и 150 денови.

„Чувството е фантастично, особено бидејќи до тој рекорд дојдов против нашиот најголем ривал и што го победивме и му побегавме на разлика од шест бодови. Сè уште добро се сеќаваме што се случи минатата сезона“, рече Руни.

Премиер лигата е основана во 1992 година. Освен Руни и Анри, само уште четворица играчи дојдоа до бројката од барем 150 голови. Тоа се: Алан Ширер, Роби Фаулер, Енди Кол и Френк Лампард.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска